Животната приказна на Јелена- детали за сопругата на Ѓоковиќ


Иако остава впечаток на нежна дама, Јелена Ристиќ уште како мала во себе си ги зацртала своите животни приоритети. Сакала да студира во странство, што и се остварило, но за да им олесни на своите родители, работела во обложувалница и како промотерка. Веројатно таа упорност е причината што на далечина успеа да ја одржи врската со Новак Џоковиќ за кој се омажи и на кој наскоро ќе му роди дете.

nole-i-jelena

Една од жените која во последниве години најмногу ги интригира балканските медиуми е токму 28 годишната Јелена Ристиќ сега веќе сопруга на најдобриот тенисер на светот 27 годишниот Новак Ѓоковиќ. Токму ова е причината поради која е во фокусот на вниманието.

Како што Новак почна да напредува на АТП листата, така сите почнаа да се прашуваат која е симпатичната русокоса, која го поддржува на сите важни турнири. Со имиџ на девојка од соседството која не се оптоварува со гламурозни детали, ги собра симпатиите на целата нација.

– Не се менувам поради ова, ова сум јас. Новак ме сака поради тоа што сум, изјави таа.

Сепак, нејзината приказна со Новак започнала многу порано пред тој да стане херој на нацијата и најдобар играч на АТП листата. Се запознале пред девет години, а нив ги споила љубовта кон тенисот. И таа како и Новак, во детството се занимавала со тој спорт, но подоцна преминала на атлетика за да добие спортска стипендија и своето образование да го продолжи во странство.

nole– Тренирав тенис во целото основно училиште, па оттаму датира и моето познанство со Новак, но подоцна продолжив да се занимавам со атлетика. Сестра ми и јас сакавме да одиме во странство, а еден од начините за да го оствариме тоа беше да добиеме спортски стипендии, бидејќи не сакавме да ги оптеретуваме родителите со големи трошоци. На крај, сепак не ни доделија спортски, туку академски стипендии. Сестра ми прва отиде и тоа за мене беше голем шок, бидејќи за неа сум исклучително врзана. Тоа не се промени, но животот благодарение на среќата повторно не спои и сега работиме заедно. На мајка ми тоа и беше страшно. Таа и денеска доаѓа со нас на аеродром, и не пречекува, раскажала Јелена гостувајќи во емисијата „Као сав нормалан свет“, а тоа воедно е и едно од нејзините ретките гостувања каде сегашната директорка на фондацијата Новак Ѓоковиќ открива детали од својот живот.

Околу нејзиниот живот често имало бројни шпекулации, од тоа дека е ќерка на сопственик на странски компании, до тоа дека татко и е влијателен дипломат, но вистината е дека нејзината судбина е слична на онаа која ја делат поголемите деца што потекнуваат од некогашната средна класа.

jelena nole (2)Дека таа ја делела судбината на сите граѓани на Србија, говори и фактот дека за време на 90-те низ улиците на Белград и ги украле патиките.

– Навистина се вратив дома боса. Тогаш имав симпатија и тој ме носеше на грб за да не се извалкам. Бев на базен и тоа ми се случи на враќање, изјави Јелена.

Она што е уште поинтересно за неа е за време на студиите во Милано, за да си го олесни животот работела во спортска обложувалница и како промотерка.

– Не се задржав долго во обложувалницата и по тоа бев промотерка за некои настани. Многу работев и ништо не ми беше тешко, сѐ тоа е за луѓе, раскажала Јелена, која најголемата поддршка ја добила токму од семејството.

Веројатно уште една работа која изгледа неверојатно е тоа дека сега нежната госпоѓа Ѓоковиќ, во детството била машкоданка.

jelena nole

– Не сакав барбики, туку автомобилчиња, јас сум татина ќерка. Мојата мајка беше ракометарка, а татко ми гение, математичар, физичар, инжинер, вели Јелена.

Јелена признава и дека врската им минала низ разни искушенија и дека не им било ниту малку лесно да ја сочуваат и да ја претворат во прекрасна бајка крунисана со брак.

– Да се договориме на состанок беше речиси научна фантастика. Јас бев студентка која едвај собрала пари да оди во странство, а тој тенисер кој немаше пари да си го финансира талентот. Авионите за нас беа вселенски летала кои не можевме да ги достигнеме. Контактиравме на сите можни начини. Си бевме поддршка еден со друг, тој доаѓаше на моите испити, а јас на неговите турнири, раскажа таа, која откако го започна заедничкиот живот со него во Монте Карло по три години забавување и успешно завршени студии, решила да си најде идеална работа за себе.

Поради еден свој ангажман ретко го гледала својот сакан, па решила да ја остави кариерата во втор план и одлучила да го следи во чекор.

nole7– Имав повеќе проблеми да се вклопам во општеството затоа што бев премногу амбициозна, сакав да учам, да тренирам и да направам непто што ќе биде мој катапулт. Тоа моите врсници не го разбираа, но сега кога ќе се сретнеме, велат дека тогаш не разбирале, но сега дека би сакале да се такви, објасни и додаде зошто не сака јавно да се експонира.

„Немав потреба да излегувам од рамките на мојата улога како девојка на Новак. Ни сега не ја чувствувам таа потреба и навистина уживам во животот кој го имам, но не сакам на сиот глас да викам дека сум пресреќна“, вели Јелена.

Сега по венчавката нејзин приоритет е секако, доаѓањето на свет на нивното прво бебе, а јавноста очекува да дознае дали ќе добијат ќерка или син.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1