Грците мора да се повлечат од Стопанска банка до јуни 2018


Националната банка на Грција ќе мора да ја продаде Стопанска банка – Скопје до јуни 2018 година, објави вчера грчкиот дневен весник „Kатимерини“.

Весникот се повикува на планот на Европската комисија за реструктурирање на грчкиот банкарски сектор, според кој грчките банки ќе мора драстично да ги намалат активностите во странство, како и да го намалат бројот на експозитури и на вработените во земјата. Според „Kатимерини“, плановите за реструктурирање на Националната банка на Грција и на банката Пиреус биле одобрени на крајот на минатиот месец, а претходно веќе биле одобрени плановите за Јуробанк и за Алфа банка, која исто така работи во Македонија.

Национална банка на Грција (НБГ) поседува 94,6 отсто од акциите на Стопанска банка – Скопје и е најстара и најголемата банка во Грција според вредноста на активата, кредитите и депозитите.

Од Стопанска банка – Скопје вечера информираа дека не постојат официјални информации околу евентуална промена на сопственичката структура на банката.

stopanska-banka– Добро познато е дека Стопанска банка АД – Скопје работи со континуиран успех и со финансиска независност од НБГ-групацијата и продолжува успешно да работи во согласност со регулативата и под супервизија на Народната банка на Република Македонија – соопшти банката.

Повлекувањето на НБГ од Стопанска банка се најавува уште од минатата година како дел од планот за реструктурирање на грчкиот банкарски сектор. Но, сега има конкретен временски план до кога тоа мора да се случи. Според планот на Европската комисија, Националната банка на Грција ќе го задржи своето присуство во Турција, преку одржување на мнозинскиот удел во Финансбанк, но до јуни 2018 година ќе мора да се повлече од сите останати пазари во Југоисточна Европа на кои сега работи, Македонија, Албанија, Бугарија, Романија, Србија, но и од Јужна Африка и Египет. Ќе биде дозволени да задржи дел од филијалите на Kипар, Малта и во Велика Британија, пишува Дневник.

Во договорот со Европската комисија, Националната банка на Грција се согласила да го намали и бројот на експозитури во Грција на 550, а бројот на вработени на 10.700, а односот помеѓу заемите и депозитите нема да биде поголем од 115 отсто до крајот на 2017 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1