Инспекторите не мрдаат додека некој не се зарази или умре – во Македонија кафеани не мијат чинии


Дали има и кои се кафеаните кои не ги мијат чиниите и кој е надлежен тоа го контролира?

Оваа дилема се наметна откако епидемилогот Благоја Алексоски од Институтот за јавно здравје изјави дека во одредени кафеани се служело храна во неизмиени чинии. Според него при последните вонредни контроли утврдиле дека некои кафеани за да заштедат на средства за хигиена, не ги мијат чинииите, туку само ги пребришуваат. Алексоски ваквата појава ја поврза и со листеријата, па дури и укажа дека во угостителските објекти, како и во погоните за производство на храна се вршат површни контроли.

mienje sadovi tanjir„Се’ е тоа формално, тие добиваат сертификат за ХАСАП систем и мислат дека со тој систем, напишан на хартија, завршиле работа. ХАСАП-от не се состои само од тоа да се направи план, поважно е како тој се спроведува, како и дали се контролира, колку често и што се контролира, дали соодветно се контролираат точките каде што има опасност за загадување во процесот на производство и колку често. Сите тие постапки се пропишани во системот, но за жал тоа е само на хартија“, рече Алекоскси во изјавата за телевизијата „Телма“.

Од Институтот за јавно здравје велат дека не знаат од каде му се ваквите сознанија на нивниот колега. „Како Институт немаме такви сознанија. Ние се активираме само кога има труење. Контролата на здравствената безбедност во објектите со храна е во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство. А доколку имало такво нешто досега ќе сме поднеле пријави против сторителите“, изјави вчера за Утрински весник директорот на Институтот за јавно здравје д-р Хасан Мемети.

И од Државната здравствена санитарната инспекција немаат информација дека во некои кафеани не се мијат чиниите. „Како инспектори ние реагираме кога има труење со храна, односно по пријава од здравствените установи каде што се згрижуваат луѓето кои се затруле. Во контрола на кафеаните одиме кога има дојава, за која се дознава од епидемилошките анкети кои ги вршат епидемилозите. Односно тогаш настапуваме сите заеднички, епидемиолозите, санитарните инспектори и инспекторите за храна“, вели директорот Џевдет Шакири.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1