Грците нудат сезонска работа: Еве колкава е дневницата!


Голем број Македонци и годинава сезонски ќе заминат на работа во Грција, на нивите, или по грчките острови.

binary-options-news-venn-diagram-euro-greek-handoutНо, проблемот годинава се поголемите законски ограничувања. Сопствениците на плантажи во соседна Грција велат дека странските работници и покрај нивната желба да работат, чинат многу скапо ако се легално ангажирани. Тоа е така по последните законски измени за влегувањето, престојот и работата во Грција, пренесува ЗаСе.мк.

Инаку просечната дневна надница за работа на некоја плантажа е 25 евра плус храна и сместување. Но повеќето работат на диво. Сепак, тоа може скапо да ги чини сопствениците на овоштарниците, кои велат дека се драматично зголемени давачките.

Инаку и некои од западните земји ги насочуваат невработените млади да си бараат сезонска работа во земјите засегнати од кризата како што е Грција, Шпанија, Италија и Кипар. Засега особено се атрактивни работните места, главно во хотелите и угостителскиот сектор. Многу млади Македонци токму таму се вработуваат за време на летото, што е можност ем за фина заработувачка, ем за фино да се помине летниот период.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1