Живееше 111 год – почина најстариот маж на светот


Александар Имич (111) почина утрово во 9.03 часот во својот стан во Њујорк додека неговите пријатели Мајкл Манион и Триш Корбет се грижеле за него.

479768alexander-imich01reutersfoto-reutersfД-р Александар Имич е роден на 4 февруари 1903 година, а токму таа година браќата Рајт го направија првиот лет со авион. Тој титулата на најстар човек на светот ја презеде од Артури Ликате кој почина во 112. година.

Во интервју за агенцијата Ројтерс, Александар својата долговечност велеше дека се темели на добрите гени, како и на тоа што никогаш немал деца.

-Мојот татко живееше над 90 години, така што имам добри гени, а и многу внимавав на чистотата.

479772alexander-imich05reutersfoto-reutersfПосакувам да остварев уште некои работи во животот, но не можам да ви кажам што точно – објасни тогаш.

Тој е роден во Полска од каде во 1951 година емигрирал во Конектикат со сопругата Вела. Се бавел со хемија и подоцна со парапсихологија, а последната книга ја објавил пред речиси 20 години во својата 92 година од живот.

Немал деца, се бавел со атлетика и избегнувал алкохол. Александар Имич беше најстар маж на светот, а моментално има 66 жени кои се постари од него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1