Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата


Денеска ја чувствувам Република Македонија како моја татковина-рече Артан Груби во својот говор, по повод гласањето за ратификација на законот за Договорот за името со Грција.

,,Денешната одлука ја бетонира нашата иднина и ни носи добри внатрешни односи меѓу граѓаните во нашата Република Македонија.

Груби рече дека денешниот ден е крстосница и секој од нас, треба да одлучиме во која насока ќе се движиме. Невообичаена е оваа крстосница,рече тој. Првата насока е изолација и самотија, втората нестабилност, третата исто, а четврата е правилната и носи просперитет. Многу е значајно секој од нас да знае кој е и што е. Кога си сигурен во тоа, одлуките не се тешки.

Ние веруваме во ова што го правиме. Нашите заеднички вредности се соживотот и заедништвото. Што е значајно во животниот век на секој од нас? Да е жив и здрав, среќен и да обезбеди иднина за своите поколенија. Ние го правиме тоа денеска, рече Груби.

Сите ќе бидеме херои во иднина што го поддржуваме овој договор. Во минатото и Скендербег и Гоце Делчев биле за некого предавници, но сега ги славиме како херои, Денеска е убав ден, За сите нас од денеска сонцето изгрева на западрече Груби од пратеничката група на ДУИ.

На почетокот од својот говор откако ги поздрави присутните на албански јазик, потоа рече дека ќе зборува на македонски јазик и ќе им се обрати на сите граѓани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1