Груевски бара одложување на затворската казна поради незавршени обврски


Со обемна молба напишана на повеќе од десетина страници адвокатскиот тим на поранешниот премиер Никола Груевски бара одложување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“.

Молбата Груевски да не оди во затвор, е архивирана во кривичниот суд и судијата има рок до четврток да одлучи дали Груевски на 8 ноември ќе оди во „Шутка“ или ќе му даде дополнителни три месеци слобода. Груевски од „скопска единца“ одложувањето на затворската казна го бара со две незавшени работи. Ги образложува неговата актуелна пратеничка функција и докторатот, кој го одбрани пред речиси четири месеци. објави денеска 1ТВ

Груевски и денеска не сакаше да коментира.

„Не би давал изјава сега. Можеби некој друг ден“, кусо рече поранешниот премиер Никола Груевски.

Во меѓувреме низ собраниските филтри тече постапката за евентуалното одземање на пратеничкиот мандат на Груевски. Првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери, веќе му ја испратил пресудата „Тенк“ на претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски. Тој за 1ТВ вели дека дека ќе го запази рокот од 15 дена за закажување на седницата. Бидејќи Груевски не е осуден на најмалку 5 години, пратеничкиот мандат автоматски не му престанува. Според Уставот, мандат на пратеник може да се одземе со двотретинско мнозинство гласови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1