По Рангелова, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, ја напушти и Затуроска


Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска поднесе оставка од позицијата генерален секретар на Унијата на жени во ВМРО-ДПМНЕ. Таа во објава на Фејсбук и се заблагодари на Рангелова за довербата што и ја дала во два мандата да биде генерален секретар на Унијата на жени и додаде:

„Рангелова и тимот ја поставија Унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи“, наведува Затуроска на Фејсбук, не образложувајќи ги причините за напуштање на партиската функција.

Оставката на Затуроска следува неколку часа по повлекувањето од функцијата на претседателот на Унијата, Даниела Рангелова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1