Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва изјави дека по вториот круг од изборите може да се потврди дека победија делата.
Дека граѓаните го препознаа искрениот однос на кандидатите на неговата партија, дека ја препознаа работата и делата. Тој им порача на новоизбраните гтрадоначалници уште утре наутро да ги засукаат ракавите и да се зафатат со работа за да ги исполнат ветувањата. Грувески вети дека и граѓаните во општините каде ВМРО ДПМНЕ не победи ќе добијат поддршка од Владата.
ВМРО ДПМНЕ на овие избори освои 40.000 гласа повеќе споредено со 2009 година, рече Груевски. Сега се освоени 445.000 гласа, а на локалните избори во 2009 – 406.000 гласа. Тогаш ВМРО ДПМНЕ доби 55, а сега 56 општини, спореди премиерот