Груевски: Еден ден некој ќе се срами од ова што ни го прават


Премиерот Никола Груевски во интервју за Нет Прес говори за Европската Унија и НАТО како и за неправдите со кои се соочуваме од овие две институции. Пренесуваме дел од интервјуто дадено за Нет Прес

Nikola-Gruevski– Членството во ЕУ и НАТО, и покрај сите неправди кои ни се случуваат, остануваат наш врвен приоритет. Тоа е интерес на Македонија, но и на регионот. Во крајна линија тоа е интерес и на ЕУ и на НАТО. Попречувањата кои ги имаме се наш предизвик со кој мора да се справуваме. Таква ни е кармата. Историски гледано никогаш ништо лесно не сме добиле и постигнале и никогаш ништо не ни било подарено. Се’ е со огромни напори и жртви, со попречувања и попречувачи, а за неправди, пак, да не зборуваме. Но, сме успевале, и ќе успеваме. Еден ден некој ќе се срами од ова што ни го прават.

Има многу аналитичари кои се прашуваат зошто сакаме да влеземе во ЕУ чија иднина е доведена во прашање?

– Затоа што тоа е интерес на земјата во овој момент. Јас незнам дали после 20, 30 или 50 години ќе ни биде интерес тоа членство. Впрочем, какко што може да се влезе, може и да се излезе во некое друго време ако тоа го налагаат околностите и интересите. Но, сега имаме интерес да влеземе во ЕУ. Не само заради структурните фондови кои се огромни пари, туку и заради многу други користи кои една мала земја од ваков турбулентен регион ги добива со членството. Многу историски настани од пред 50, 100 или повеќе години кои навидум се неразбирливи, можат лесно да се разберат само ако се проникне во тоа време и се разберат тогашните предизвици, проблеми, стравови, надежи, состојби.

gruevski-nikola-epa_1Затоа и најдобри историчари не се оние кои од денешен аспект носат суд дали некој пред сто години постапил исправно или не. Најдобри историчари се оние кои ќе навлезат во суштинските детали на тоа време, добро ќе го објаснат, и тогаш ќе стане јасна секоја одлука и причината за неа. Од една таква перспектива сосема е различна оценката за некој потег.

Така е и со ова. Незнам како од аспект после 100 години ќе изгледа оваа наша борба за членство во ЕУ и НАТО. Можеби некој ќе ја фали, а можеби ќе ја критикува и исмејува.

Но, јас знам дека во ова време, од мноштво причини, како економски, така политички и безбедносни, членството би и’ помогнало на Македонија. И ако тој што ќе носи оценка тогаш проникне во длабочината на нашето време во кое жевееме, и добро ги разбере проблемите, предизвиците и ризиците, ќе констатира дека оваа наша стартешка определба и напори биле исправни.

Netpes

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1