Груевски го обвини Заев за пресметка како на Дивиот запад


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска побара итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со акцијата во која денеска беа приведени или се трага по 36 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

– Ова е последниот час кога ќе треба да се реагира, да се заштитат луѓето, затоа што правдата е на наша страна, ова е борба на народот за својата држава против хунтата на власт која ја води оваа заробена држава. Заев и СДСМ брутално удираат кон тие кои што мислат и делуваат македонски. Ова е последниот чин на пресметка со слободномислечкиот Македонец и граѓаните кои се одважија да кажат став за разградувањето на државата против Тиранската платформа. Во прашање е државата. Ова не е правда. Веќе законите и уставот не важат. Ова е заробена држава. Ова се прави за да се отвори пат за промена на име, идентитет, јазик, неуставна двојазичност, историја. Во исто време истиот ден кога се разговара на влада за законот за аменстија на над илјада затвореници и сторители на тешки кривични дела, замислете, за тероризам се обвинуваат оперски пејач, татко на три деца, актер, такот на 3 деца, режисер, татко на две деца, доктор на 3 малолетни деца, архитект и тн. – рече Груевски.

Тој оцени дека нема ниту закони, ниту правила, како во Дивиот запад се елиминира секој кој слободно мисли во државата.

– Ова е елиминација на слободната мисла. Ова е збришување на сите и пресметка на сите кои ја сакаат оваа змеја и овој народ. Се пуштаат на слобода убијците на децата од Смилковско езеро, криминалци како Бајруш, како Красниќи и останати криминацли. Влезот на граѓаните беше реакција на акцијата на СДСМ и Заев насилно да го изберат Талат Џафери со цел да ја спроведат својат тиранска агенда која еве сега се оделотворува – рече Груевски.

– Ударот е и на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која не успеаја да ја разградат на друг начин. Се оди на физичка елиминација на компактноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за во Собрание да помине сè што сакаат и е на дневната агенда. Тоа е посипување зла крв во целото опстество – вели Груевски.

Тој во сојот говор рече дека биле приведени и Борис Дамовски и пратеникот Сашо Василевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1