Груевски го одложи државниот испит за една, а другите измени за 2 години


Одложување на воведување на државниот испит на факултетите за една година и одложување на сите останати спорни одредби од новиот Закон за високо образование за две години – ова е предлогот којшто денеска им бил даден на претставниците на студентите, на средбата со премиерот Никола Груевски.univerzitet

„Постигнавме заемна согласност дека ќе биде одложен Законот. Во поглед на барањата на студентскиот пленум има согласност со тоа што во периодот на дискусија ние постојано ќе ги излагаме своите аргументи и ставови дека одредбите треба целосно да се укинат. Засега одлагањето на Законот претставува голем исчекор за нас“, изјави Константин Битраков од Студентскиот пленум. Пленумот ги организираше трите досегашни протестни маршеви на студентите против измените на Законот за високо образование.

Предлогот – државниот испит на факултетите наместо од 2017 да се применува од 2018-та година, и одложувањето на обврската на професорите за објавување трудови во научни списанија со импакт-фактор, начинот за избор во звања, како и измената на кредит-трансфер системот од 300 на 360 кредити и сите останати набрзина изгласани промени во Законот за високо образование, ќе се најдат на следната седница на Владата, којашто до Собранието ќе испрати Предлог одредба со која се одложува нивната примена.

„Студенти, денес ништо не беше договорено, туку премиерот излезе со ПОНУДА. Дали ќе се прифати ќе одлучат сите студенти заедно!“, порача Студентскиот пленум преку социјалните мрежи веднаш по средбата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1