Груевски го прекинува летниот одмор, се враќа во Македонија поради настанатата ситуација


Поради настанатата ситуација со силното невреме кое го зафати скопскиот регион вчера, а кое според последните информации однесе 20 животи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го прекинува летниот одмор и се враќа во земјава, дознава КУРИР.GRUEVSKI322

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ го прекинува летниот одмор во Турција и се враќа во Македонија со цел да помогне во справување со тешките последици од невремето кое вчера ја зафати Македонија од досега невидени размери.

Предвидено е веднаш по пристигнувањето Груевски да се упати на најкритичните места погодени од поплавите и директно на терен да ја согледа ситуацијата.

Вицепремиерот Тодоров денеска изјави дека договорено е да се отпочне веднаш со правење на комисии за проценка на штетата од невремето. Тодоров потенцираше дека ќе предложат до Владата прогласување на кризна состојба во траење од 15 дена во скопскиот и тетовскиот регион.

Според информациите Владата закажала вонредна седница во 16:30 часот, по што се очекува да биде прогласена кризна состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1