Груевски и понуди на опозицијата договор за меѓупартиски консензус за пет точки


Во  Македонија има и слобода и демократија многу повеќе од некои други земји. Суштината е како во СДСМ ја разбираат слободата, она што го прави опозицијата нема врска со слобода и демократија туку тоа е злоупотреба на терминологијата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по реизборот за претседател на партијата. Според Груевски  моменталното делување на опозицијата покажувало дека постои демократија и слобода во земјава. Груевски вели дека политиките на СДСМ ги подржуваат голем дел од медиумите во Македонија: три телевизии, исто толку весници и триесетина портали. Груевски смета дека опозицијата ги води истите кампањи како во минатото.
gruevski
– Па погледнете наназад ќе ги видите истите нивни кампањи и во периодот помеѓу 1998 и 2002 година. Буквално истите. Пред некое време ми донесоа и изјави на Црвенковски од тоа време, како и кампањи на невладините на Сорос, и не ми се веруваше, комплетно истите изјави, истиет активности, истите обвинување за немање демократија и слобода. И тогаш немало демократија. Зошто? Затоа што тие тогаш не беа на власт. Најголема демократија има кога СДСМ е на власт. Но, сето ова е заради нивното поимање на слободата,. Суштинската разлика меѓу нас не е дали има слобода или нема, истакна Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.
По реизборот за претседател на партијата Груевски на опозицијата и понуди партиски консензус за 5 точки кои ќе и донесат голем напредок на Македонија.
Таквиот договор, доколку опозицијата е спремна да го прифати ќе ни донесе голем напредок како држава. Ние го нудиме ова. Тоа се прво, повисок квалитет  во образованието, иновациите и претприемништвото, вклучувајки ги мерките за олеснување на бизнисот, второ, прашања поврзани со стабилноста на земјата, како што се меѓуетничките односи, и погенерално безбедноста на земјата, трето, проблемот со името, четврто, напорите за отворање нови работни места и петто, согласноста дека во секоја сфера и секој сектор, треба постојано да си поставуваме повисоки стандарди, како што вчера говорев за ново поставените стандарди за прием и напредок во администрацијата и за прием и напредок во судството. Ние сме земја со многу ниски стандарди скоро во се и затоа не сме доволно меѓународно конкурентни, истакна Груевски.
Груевски истакна дека на земјава  и требаат повисоки стандарди, а целта на партијата е силна, успешна, просперитетна и европска Македонија.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1