Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва вечерта го посетија првиот човек на Светскиот Македонски конгрес, Тодор Петров, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ заедно со градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Петров вчера околу 12:30 беше префрлен во болница, откако беше претепан.
Петров вчера беше претепан во ресторанот „Казабланка“ по поставувањето на камен-темелникот на крстот во скопската општина Бутел. МВР соопшти дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расветлување на настанот и утврдување на инволвирани лица.