Груевски ќе ги користи сите правни можности за оспорување на правосилноста на судската пресуда


Екс премиерот Груевски кој е осуден на две години затвор за набавка на блиндираниот мерцедес вели дека ја добил пресудата но нема покана за издржување на казната.. Смета дека изречената пресуда е политичка одлука.. Додава оти за оспорување на судската одлука ќе ги користи можностите на правната регулатива.

„Јас ќе ги искористам сите правни можности кои што се на располагање и што ќе ми ги советуваат адвокатите иако сум свесен дека делуваме и живемее во едно ненормално време, во време кога нормалното стана ненормално, а ненормалното стана нормално“, изјави Груевски.

Инаку од Кривичниот суд информираат дека согласно АКМИС системот, предметот ТЕНК во кој се осудени Груевски и помошник началникот во МВР, Поповски, ќе се распореди кај судија за извршување санкции кој треба да го изработи упатниот акт.. По доставата до осудените, тие се должни сами да се пријават за извршување на определената санкција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1