Груевски: Кривичната пријава е поткрепена со цврсти и непобитни докази


Го гледав и слушав шефот на македонската опозиција како седи пред мене и со каква гордост, самоувереност и возвишеност ме информира дека соработувајќи со странска разузнавачка служба истата го снабдила со нелегално и противзаконски, противуставно

-Поднесена е кривична пријава, меѓу кои и за лицето ЗЗ за „шпионажа и насилство спрема претставници на највисоки државни организации.“, рече Груевски.gruevskizaev

Не прифаќам закани, уцени и местенки на штета на државата, и на сите инволвирани им порачувам – ние не сме Македончиња, туку сме Македонци – порача во обраќањето премиерот Груевски.

Чувствувам должност да ја инофрмирам јавноста за случувањата во изминатиот период, рече Груевски, откако МВР обелодени детали од полициската истрага „Пуч“ во која мегу четворицата осомничени е и лидерот на СДСМ, Заев. Груевски рече дека со него од септември до ноември лани остварил четири средби, првата иницирана на барање на опозискиот лидер, останатите поврзани со неа.

Заев побара итно формирање техничка влада од мене и ме информираше дека во соработка со странска разузнавачка служба прибавил снимени телефонски разговори од речиси цел државен врв, медиуми и други политички и јавни лица од власта и опоцијат.

„Го прашав дали е сигурен во тоа што го говори и дека е тоа странска разузнавачка служба, добив потврдни одговори.Тој раскажа неколку телефонски разговори за кои констатиравме дека дел се точни, дел половично точни и дел неточни.Сепак, фактот дека дел од нив беа точни укажуваше на сериозноста на ситуацијата“, истакна претседателот на Владата, Никола Груевски.

Откако Заев го информирал Груевски за соработката со странските разузнавачки служби и прибавените снимени телефонски разговори од речиси целиот државен врв, почна и јавно да говори дека поседува ваков материјал. „Ја засили заканата за нас и кон нас, дека ако не го прифатиме формирањето на техничка влада ќе го објави“ – рече премиерот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1