Ќерката на Витни Хјустон најдена онесвестена во када – итно пренесена во болница


Кристина Браун, ќерката на починатата пејачк Витни Хјустон, била пронајдена онесвестена и не реагирала на ништо, во када во својот дом, соопшти полицијата. Сопругот на Браун, Ник Гордон, и неговиот пријател ја нашле во кадата во утринските часови и започнале со оживување се додека не пристигнала брзата помош по што таа ведфнаш е префрлена во болница, јавува NBC.bobi-kristina-braun-vitni-hjustytjtyjyton-cerka-foto-tviter-1389351003-425145

Инцидентот и натаму е под истрага, соопшти полицијата. Ова се случува помалку од две недели пред одбелеѓувањето на третата годишнина од смртта на Хјустон. Витни беше пронајдена потопена во када во Беверли Хилс, Калифорнија, во хотелот каде престојувала на 11 февруари, 2012. Таа подоцна беше прогласена за мртва. Со години се борела со зависноста од дроги и алкохол.

Браун е, исто така, ќерка и на R & B пејач Боби Браун.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1