Груевски му се јави на Ципрас


Премиерот Никола Груевски денеска оствари краток телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, потврдија за МИА од прес-службата на Владата.gruevski-cipras

Во протоколарниот разговор премиерот Груевски на својот колега му посака успех во работата и во справувањето со предизвиците со кои се соочува неговата земја.

Груевски истакнал дека двете земји треба да вложат напори за унапредување на добрососедските односи, решавање на отворените прашања, градење на конструктивна атмосфера во двете земји и за соработка во сите сфери од взаемен интерес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1