Изрешетен водачот на навивачите на Црвена Ѕвезда!


Изрешетен е водачот на навивачите на Црвена Ѕвезда, Драган Васиќ Гага.

Како што пренесуваат српските медиуми во него биле испукани повеќе од пет куршуми пред Маракана околу 13 часот, блиску до својот автомобил.crvena-zvezda-galatasaraj-evroliga-foto-sasa-pavlic-1413418147-581577_thumb_medium500_338

Според неофицијалните информации, во него пукало момче со пиштол, кое се одалечило во непознат правец, а Васиќ останал да лежи облеан во крв.

Тој хитно бил пренесен во болница, при што му се констатирани тешки повреди и моментално се работи на нивната дијагностика.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1