Боби Кристина ќе биде исклучена на денот на смртта на Витни хјустон


Лекарите велат дека нејзиниот мозок е мртов и не може да се спаси.

Бабата на Боби Кристина предложила да се почека со исклучувањето на внуката од апаратите до среда, 11 февруари, кога е 3 – годишнината од смртта на нејзината мајка.kristina vitni hjuston

На тој симболичен начин душите на мајката и ќерката ќе бидат вечно здружени – смета бабата на Боби Кристина, пишува Њујорк пост.

21 годишната Боби Кристина е единственото дете на Витни Хјустон. Таа од 31 јануари се наоѓа во вештачки предизвикана кома, откако во куќата во Атланта беше пронајдена во када полна со вода, без да дава знаци на живот.

Извор за Њујорк пост вели дека за девојката нема спас.

Полицијата истражува како таа завршила во кадата без свест, и како настанале модринките по нејзиното лице.

Осомничен е 25 годишниот Ник Гордон, момчето на Боби Кристина, кој бил на испрашување во полицијата во Атланта.

Стотици луѓе се собраа синоќа во амфитеатар во Атланта да се молат за Боби Кристина.

Нејзиниот татко Боби Браун не се оддалечува од болничкиот кревет. Но, лекарите, му рекле да се подготви за најлошото – пишува Мирор.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1