Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, заедно со своето семејство годишниот одмор го поминува во Турција.
Груевски со семејството е во Турција на покана на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а во времетраење од 10 дена, почнувајќи од 9 август.
Одморот ќе го помине на две места, едното во близина на Бодрум, другото во близина на Фетије, по половина од времето.
Во истиот овој период и лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев заедно со своето семејство е на годишен одмор.
Заеви оваа година решија да одмораат во Грција, дознава Нетпрес од партиски извори на двете политички партии.