Како и секоја година, таа и оваа, традиционално, големиот празник Илинден, 2-ри август ќе се прослави во Крушево и во Пелинце. Шефот на државата, Ѓорге Иванов за 112-годишнината од Илинденското востание ќе се обрати пред присутните на Мечкин Камен. Спикерот Трајко Вељаноски, пак, по повод 71 година од АСНОМ ќе ја предводи собраниската делегација во Меморијалниот центар Пелинце, кај Куманово.
Премиерот Никола Груевски, оваа година на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе оддаде почит пред споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто
Претседателот на Собранието, премиерот и претседателот на државата секоја година на различни места и со претходен договор присуствуваат на свеченостите поврзани Илинден и АСНОМ.
Владата и оваа година организира автобуски превоз во цела Македонија, за сите оние кои сакаат на празникот да присуствуваат на свеченостите кои ќе се одржат во Крушево и во Пелинце.