Груевски: Народот е нашата сила


Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ја почна кампањата за претседателските избори

gruevski– Народоте нашата сила, народот ја прави Македонија тоа што е. Големината на нашата држава не е во нашите пропорции, туку во нејзините луѓе, нивната жилавост, во нивниот порив и посветеност, нашиот народ е нашата држава. Од Охрид ќе почне да ечи државата пред се, Македонија пред се, луѓето пред се, истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на централниот митинг.

Караван за секоја кампања на ВМРО-ДПМНЕ традиционално почнува од Охрид и оттаму, како што напомена Груевски, тргнува походот кон уште една нова победа.

– Од Охрид ќе почне гласот кој ќе се шири низ цела држава, гласот на народот, гласот кој ќе кажува кој работи кој не, која е разликата, гласот кој ќе грми во секој град, гласот на народот кој гледа и прави разлика, кој не подлегнува на никакви манипулации, туку два доверба на конкретни дела, нагласи Груевски.

Подвлече дека вечерва почнува поход кон победата на коалицијата „За подобра Македонија“, како и победата за претседателот Ѓорге Иванов, но и одбројувањето до осмата победа по ред на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Пендаровски сака да ја придобие довербата на народот и да ги врати методите на неговиот ментор, неговиот шеф и идол Бранко Црвенковски, рече на вечерашниот централен митинг во Охрид  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.

На Македонија, нагласи Груевски пред повеќе од 50.000 граѓани, „не и треба нов Бранко или негов советник, нов сплеткарош, манипулант и човек со ставови исти како оние на Црвенковски“.

– Кандидатот на Бранко нема да ја добие довербата на македонскиот народ и на мнозинството граѓани на Република Македонија зашто помина неговото време и не може со вакви подметнувања на негови пиони повторно да ги стави во залог за свои лични интереси, интересите на Македонија и народот. Таа приказна повторно нема да помине, истакна Груевски.

Тој потенцираше дека во овие пет години граѓаните имаа можност да видат што е чесен човек за претседател, но не само да дојде на позицијата како чесен, туку чесно и да го заврши доверениот мандат.

– Не е лоша работа да се биде советник, но прашањето е какви совети си давал, а по постапките на неговиот шеф, видовме какви биле советите. Ако пак не е така, тој ќе се повлечеше од функцијата советник или пак ќе се оградеше јавно. Не, спротивно на тоа исто како и Заев, тие се гордеат со ликот и делото на транзицискиот манипулант, рече Груевски.

МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1