Зоран Поповски: Сакам да ја вратам дебатата во нашето општество


Кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Зоран Поповски, претседателската кампања ја започна од скопската населба Карпош.

zoran_popovski“Почитувани присутни, сакам да ви предочам дека како претседател на Република Македонија ќе бидам стожер на државноста и на демократијата и на совеста на граѓаните преку заштита на името на државата и на националниот идентитет на граѓаните во неа. Доста компромиси направивме околу нашиот идентитет. Мислам дека црвената линија е ставена и нема повеќе да дозволиме да се обезличуваме. Сакам да ја вратам дебатата во нашето општество“, рече Зоран Поповски, кандидат за претседател на ГРОМ.

Зборуваше за потребата од ревитализација на внатрешно –политичкиот дијалог и за ослободување на медиумскиот простор. Во однос на надворешната политика тој се задржа на спорот за името, оценувајќи дека сите компромиси се исцрпени и оти црвените линии се децидно поставени. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1