Улично куче во една година два пати каснало исто девојче во Аеродром


Куче-скитник по втор пат во период од една година каснало и повредило 16-годишно девојче во населбата Аеродром во близина на поликлиниката Јане Сандански”.

kuce ulicarСкопјанката Билјана Е., која се пожали на дивите кучиња во Аеродром и која била сведок на случката, вели дека настанот се случил неделава, кога и таа едвај се спасила од групата од три кучиња кои потрчале по неа. Таа успеала да побегне и да се скрие во еден од влезовите на околните згради, каде што го чекала сопругот да дојде по неа за да излезе. За околу половина час истите кучиња скитници, сепак, успеале да повредат друга жртва, девојчето. 

– Кога ме нападнаа беа група од три или четири кучиња скитници. Јас во паника избегав и се сокрив во првата зграда која беше најблиску. Таму ја затворив вратата од влезот и се сокрив. Се јавив кај мојот сопруг да дојде и да ме земе затоа што ми беше страв да излезам, а кучињата беа тука во близина и можев да ги чујам. Кога стигна тој, само што излеговме од влезот и се упативме кон автомобилот, едно од трите кучиња нападна и касна девојче кое поминуваше оттаму. Ние брзо го зедовме и го однесовме во болница да му дадат прва помош – вели револтираната скопјанка.

Откако го однеле на лекар, девојчето им раскажало дека тоа е втор пат истото куче, кое веќе подолго време шета по нивното маало, да ја нападне. Пред неколку месеци ја каснало за раката, а сега за ногата.

Од Јавното претпријатие Комунална хигиенаа, во чии рамки функционира шинтерската служба  велат дека во моментов, особено во населбата Аеродром, се соочуваат со сериозни проблеми, граѓани, од кои некои се активисти за заштита на животните, не дозволуваат нашите служби да си ја завршат работата. често ги кријат кучињата, ги бркаат или велат: Кучево е мое, јас го чувам”, само за да не се залови. Стигнувало дотаму и нашите вработени да бидат физички нападнати од граѓани во овие ситуации. Поради овие проблеми, ние пративме и писмо до општината во кое бараме нивните инспекциски служби да ни помогнат околу проблемот, изведувањето на овие интервенции и опструкциите со кои се соочуваме од страна на граѓаните – објаснуваат од Комунална хигиена”.

Vecer.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1