Премиерот Груевски смета дека изборите ќе бидат одлична можност граѓаните да покажат и пред домашната но и пред меѓународната јавност кој ќе го следи процесот дека со влакани игри не се доаѓа на власт.
Премиерот Никола Груевски најави голема победа на изборите на 24 април.
Тој рече дека во најлош случај очекува победа како минатата година кога ВМРО-ДПМНЕ го прегази СДСМ со огромна разлика, но додаде дека во 2016 се надева на уште подобри резултати.