Заев: Ова вечерва е нов почеток за граѓаните и за Македонија!


Вечерва победи Македонија, ова вечерва е нов почеток за Македонија и за сите нејзини граѓани. Постигнат е договор којшто утре треба да биде само правно, легално формализиран, преку преточување во Закон за Влада, во којшто се дефинираат надлежностите на замениците министри, постигнат е договор за Изборниот законик, постигнат е договор за Законот за whisteblowers или свиркачите, постигнат е договор на Закон за заштита на приватноста, којшто стапува во сила веднаш, а ќе се применува после шест месеци, период дозволен за да се изјасни Венецијанската комисија по самиот закон и постигнат е договор којшто треба да биде преточен во одлука на Парламентот за Анкетната комисија.zaev233

Сето ова утре треба само уште еднаш на работните групи да биде разгледано, поради техничките аспекти и веднаш штом ќе биде подготвено, да биде испратено во Собранието, за парламентарците да го дискутираат и секако се надевам дека ќе го донесат, изјави Заев по средбите

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1