Одмаздата на Ердоган:Турција тргнува во напад против терористите на Исламската држава


Турција планира следните денови да почне воена офанзива на ИСИС, прва осомничена за крвавиот напад во Анкара минатиот месец, рече турскиот министер за надворешни работи Ферудин Синирлиоглу.

Турската војска која минатото лето тргна во војна против тероризмот, до сега своите операции ги сконцентрира на бунтовниците на Работничата партија на Курдистан.vojska helikopter tenkovi

После самоубиствениот напад во кој беа убиени 102 лица, а повеќе од 500 ранети, полицијата изврши повеќе апсења од џихадистичките кругови во Турција.

-„Исламската држава ни се заканува на нашите животи и на нашата сигурност“- изјави министерот.
Но, тој не прецизираше во која земја би се извела воена операција. Во Турција, во Анталија на 15 и 16 ноември ќе се одржи годишен самит на шефови на држави и влади Г20.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1