Груевски: Насилството е карактеристично за слабак – Треба да се биде смирен, мудар, разумен


Нападнаа полицајци кои имат семејства. Сосема е јасно дека целта на Заев е дестабилизација. Ние ќе делуваме смирено, професионално, принципиелно, истакна премиерот Груевски при гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

Тој апелираше до граѓаните да не наседнуваат лесно на креираните материјали на Заев, како и да ја почекаат судската разрешница.gruevski

-Да порачам до граѓаните да не дозволат да се закрви народот меѓу себе. Заев е свесен дека не може по нормален пат да дојде на власт, па се обидува преку насилство, кое е карактеристично за слаб човек. Силниот човек нема потреба од насилство, бидејќи зад себе има програма, го има народот, додаде премиерот Груевски.

На прашањето дали членовите на ВМРО-ДПМНЕ бараат владата да реагира посериозно на протестите Груевски рече дека постојано добива пораки кои прашуваат зошто не се организира револт и зошто тие да не се самоогранизираат.

“Тоа не треба да се прави, треба да се биде смирен, мудар, разумен”, вели Груевски додавајќи дека не треба да се влегува во сценариото на Зоран Заев кој сака насилнички да ја освои власта и на тој начин да ги испере сите незаконски работи што ги прави, вели Груевски.

Според Груевски, сценариото на оваа криза мора да биде разрешница со транспарентна постапа и преку дијалог во парламентот. “Тоа така мора да заврши”, вели Груевски.

Судската постапка мора да расчисти се, како се дошло до тие материјали: “Јас тоа го знам но тоа треба да го препознаат сите и институциите и јавноста”, вели Груевски кој додава дека треба да се расчисти со обвинувањата и да се знае кој направил грешка спротивна на законот.

Според Груевски, Заев е фокусиран на насилно преземање на власта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1