Груевски: Нова Влада на 15 јануари


Она што е договорено е на 15 јануари да има нова Влада, а тоа ќе си го испочитуваме како што е договорено, рече  премиерот Никола Груевски.gruevski sobranie

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера изјави дека Груевски ќе си даде оставка на 10 јануари, согласно договорот од Пржино, но денеска премиерот не сакаше да коментира дали е точен овој датум.

Досега од договорот произлезе Специјалното обвинителство, формирана беше Државната изборна комисија, опозицијата се врати во Собрание, а избрани беа и дополнителни министри и нивните заменици. Меѓутоа, сето тоа досега одеше прилично бавно, со партиски препукувања и пробивање на повеќе рокови.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1