Груевски: СДСМ ги има ДИК, МВР, а го прави народот будала дека не може да има фер избори


Не може опозицијата да ги има во свои раце двете институции кои по закон и устав се единствени кои ги организираат изборите во државата, МВР и ДИК, и да го прави народот будала дека неможе да се организираат фер и демократски избори, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.gruevski vmro rodenden

-Не може да има понуда од власта кон опозицијата, бирајте кој закон за медиуми од било која земја од ЕУ го сакате ако овој не ви чини, и истовремено тие на народот да му образложуваат дека заради медиумите морало да ги одложат изборите. Трет пример, неможе за се што прави власта да викаш дека нечини, а да не понудиш подобро. Се што направивме се исплукаа. Од друга страна мнозинството се задоволни од повеќето направени работи.  Не велам дека и ние немаме слабости, дека немаме грешки и пропусти, не сме ни ангели ни идеални, а најмалку безгрешни, луѓе сме, ама ако некој од другата страна и најдобрите наши работи, реформи, проекти, дела, субвенции, итн ги исплука и ги прогласи за стратешки грешки, криминали, промашувања, и слично, тогаш мора да е толку глупав да верува дека народот е глупав и ќе му поверува, рече Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ сумираше дека по дождот доаѓа сонце.

-По се она што ни го направија, во април народот на Македонија ќе ја земе работата повторно во свои раце, и ќе испрати 4 пораки: дека ова е негова земја и дека само тој-народтот одлучува во неа, и е подготвен да ја одбрани од секој натрапник. Дека никој во иднина несмее да помисли со валкани игри,соработки со служби и малверзации да освои доверба на мнозинството народ. Дека не дозволува измамник и криминалец да ја води државата, и дека не само што тој одлучува во оваа држава туку и дека е мудар, а не глупав, за некој со лаги и замајувања и без реална основа да му го промени ставот, рече Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1