Груевски се жали дека секој ден окапува во суд


Судењето за предметот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство, во кое обвинети за уривањето на комплексот „Космос“ се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, е одложено за 15 февруари.Одложувањето го предложи судијата Огнен Ставрев, на што одбраната реагираше дека времето е кратко и немаат доволно време да се подготват. Претходно, во вторник, судијата ги повика на разговор, за тоа дали ќе биде одреден дополнителен термин или ќе остане 15 февруари.

Пред судот реагираше Никола Груевски, кој на судијата му рече дека не е фер бидејќи не им се остава доволно време за подготовка.

– Во понеделник, вторник и среда сме по цел ден на рочишта, а вие закажувате судење веднаш во четвтрок. Вака немаме време да ги слушнеме снимките, да ги видиме доказите и да се подготвиме – рече Груевски.

Тој судењето го оцени како фарса.

– На еден друг политичар му се закажуваат рочишта на три месеци, а мене на три дена – рече Груевски.

Миле Јанакиески, исто така, забележа дека немаат доволно време да ги преслушаат снимките, бидејќи следната недела секој ден биле на судење.

Претходно, на почетокот на денешното рочиште адвокатот на одбраната Димитар Дангов побара прекин на расправата за да се прочита записникот направен врз основа на видео-снимката од минатото рочиште на 24 јануари, а кое им беше дадено на почетокот на судењето. Одбраната реагираше дека не го добиле записникот во рок од 24 часа, како што предвидува законот.

Обвинителот Бурим Рустеми, рече дека нема потреба од одложување и побара од судијата Огнен Ставрев рочиштето да продолжи.

Во случајот „Т.Н.Т“ обвинети се седум лица, меѓу кои и градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1