Поранешниот премиер, Никола Груевски, се огласи на Фејсбук во врска со договорот со Грција.
„Јавно отфрленото во 2009-тата – денес прифатено, но во далеку полоша верзија. Не само за надворешна, туку и за целосна внатрешна употреба, плус промена на уставот, откажување од дијаспората, историјата, АСНОМ, Илинденското востание и идентитетот“, напиша Груевски.