ГРУЕВСКИ: СУДОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ФБИ ЌЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО МОНСТРУМ


Премиерот Никола Груевски потврди дека со неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети  разговарале за вклучување на ФБИ во случајот „Монструм“, во кој шестмина се осудени на казна доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.  Но, според Груевски одлуката за евентуалното ангажирање на американското федерално биро за истраги е во рацете на Апелациониот суд. Единствено тој може да го повика ФБИ да биде дел од меѓународна експертиза на судскиот процес.monstrum2

„Точно е тоа дека тој ми го има спомнато тоа во разговор, останува на судот да донесе одлука дали ќе прифати или не вклучување на други служби од други држави, а исто така, прашање е и дали тие служби воопшто ќе сакаат да дојдат, дали ќе прифатат да дојдат. Но, сепак, тоа е работа на судот, во случајот на Апелациониот, и негова и само негова може да биде одлуката дали ќе повика некој да дојде, а пак тој што ќе биде повикан, негова ќе биде одлуката дали ќе прифати. Што се однесува до мене, се`што ќе донесе и прифати судот, ние немаме ниту избор, ниту би сакале да се мешаме во тоа.“

Одлуката во однос на барањето на ДУИ за вклучување на ФБИ премиерот и` ја препушти на судот, а прашањата околу престрелката во Кондово меѓу активисти на истата партија порача да се адресираат до Министерството за внатрешни работи. Тој не сакаше да го коментира инцидентот во кој било пукано и од службено оружје на вработен во МВР.

„Не можам да ги коментирам, не ги знам деталите, тоа е работа на МВР, ве упатувам таму, се надевам дека тие брзо ќе ги расчистат сите работи и ќе ви дадат детални информации за она што вие го барате.“

Јавноста ќе мора да ја почека и содржината од акцискиот план во однос на забелешките на Европската комисија. Засега е познато само дека тој се прави на ниво на министерствата, а до Владата треба да пристигне во форма на предлог реформи кои ќе се реализираат во текот на 2015 година.

„Не можам во овој момент да ви откријам, затоа што акцискиот план е во тек на изработка и би било непрофесионално од моја страна да ги кажувам деловите, кога се`уште не е стигнат на Влада. Се`уште министрите ги изработуваат работите, некои од нив можеби ги завршиле ги испратиле во Секретаријатот за европски прашања, каде е договорено да се соберат сите и како целина да се претстават на седница на влада. Каде ќе има најмногу, каде најмалку ќе покаже акциониот план кој наскоро ќе биде донесен, но се разбира тоа може и да се предвиди и од анализа на извештајот, онаму каде што има најмногу препораки за подобрување.“

Најголемиот дел од забалешките во извештајот на Европската комисија се однесуваат на корупцијата, реформите во судството и медиумите. Со акцискиот план кој го изготвуваат министрите треба да се надминат токму слабостите на кои укажува комисијата во последиот извештај за Македонија.

Telma.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1