Груевски: Цел ОБСЕ на свет нека дојде ако треба за мониторинг на изборите


ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на локани избори, оти тоа е и законска обврска. Изборите ќе бидат слободни, фер и демократски, а подготвени сме и на засилен мониторинг, бидејќи имаме чиста намера, идеја, и сакаме да овозможиме најдобрите според граѓаните да победат, изјави денеска премиерот Никола Груевски. 

gruevski_pismo_nato_g-copy2-630x472Груевски за засилениот мониторинг вели.

– Јас на минатите избори пред година и пол кажав дека не само што сме подготвени за засилен мониторинг, како што тоа го бара опозицијата. Не засилен, туку цел ОБСЕ на свет во Македонија да дојде и ги следи сите избирачки места и сите избирачки кутии целодневно, 12 часа плус уште колку сакаат по завршувањето на гласањето, ние сме подготвени да ги пречекаме, да им го овозможиме тоа, да ги поканиме, пред се, како држава. Така што од тој аспект немаме никакви дилеми дека незасилен, презасилен, туку најзасилен или не знам каков мониторинг нека дојде во Македонија ние имаме чиста намера, чиста идеја, ние не сакаме никаде да добиеме нешто што не заслужуваме, ние сакаме да овозможиме најдобрите според граѓаните да победат и да ги водат општините во Македонија, рече премиерот Груевски.

Тој посочи оти власта е отворена за секакви нови идеи и барања од опозицијата во однос на избирачкиот список со цел да не им се даде повод на политичките противници дека нешто се прави нелегално.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1