Добил огромна сметка – открил дека iPhone-от е расипан и сам си сурфа на нет


Корисник на iPhone се шокирал кога му ја соопштиле сметката во висина од 19,000 фунти за користење на интернет услугата. Крис Бовис од Тилбари Есекс, 26 годишниот градежник, му било соопштено дека треба да ја подмири сумата од 8900 фунти, за користените интернет услуги. Тој тврди дека потоа неговиот советник го предупредил дека неговата следна сметка ќе биде уште 10,000 фунти. 

smetka telefon„На почетокот ми беше тешко да не се насмеам затоа што мислев дека се шегуваат со мене. Потоа сфатив дека не се шегуваат и дека биле сериозни“, вели Крис.

Од телефонската компанија „Orange“ се обиделе да му одземе 19,000 фунти за месеците октомври и ноември но, банката ја блокрала трансакцијата за парите да не можат да бидат одземени.

Проблемот се чини дека бил предизвикан од грешка на неговиот iPhone кој испраќал и примал големи количини на податоци и грешки.  Господинот Бовис и неговиот партнер Јоана Руско биле згрозени од третманот што го добиле, за кои велат дека дури вклучувале и закани да бидат испратени извршители.

Кога прашал за неговиот iPhone да биде исклучен, тој продолжил со праќање и примање на голем број на големи количини на интернет податоци.
Обидот да се запре проблемот со враќање на првобитните сетинзи немаше никаков ефект.
Збунетиот персонал на продавницата се согласија дека телефонот е неисправен и овозможиле да биде заменет.
Кошмарот на Бовис не престанува тука. Му било соопштено дека сепак ќе му наплатат сметка од дополнителни 300 фунти.
На крајот портпаролот на „Orange“ јавно се извини за вознемираноста на нивниот клиент и изјавиле дека ќе ја поправат грешката и ќе се обидат да ја избришат сметката веднаш што ќе ја потврдат вината од нивниот производител.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1