Ова се последните стихови отпеани од ТОШЕ – ,,све је премало за крај,,


Српски Курир денес ги објави последните стихови кои ги отпеал Тоше Проевски непосредно пред неговата смрт, а беа пронајдени во неговиот Лаптоп.

tose%20proeski-3Песната има демо верзија и ќе биде обајвена на 25 јануари, денот на неговиот роденден.

Музиката и текстот на оваа песна која Тоше ја отпеал сам, свирејќи на клавир ја напишала Јелена Трифуновиќ, а аранжманот го направил Никша Братош.

,, Тоше беше одушевен од песната и ја купи дури откако неговиот последен албум беше готов. Му се допадна и сакаше да ја има за себе, за жал поради трагичната смрт не ја снимил во студио но јас бев многу изненадена и навистина длабоко ме допре кога дознав дека снимил како пее една строфа свирејќи на клавир,, изјавила Јелена.

Дека Тоше ја отсвирил за своја душа, да чуе како звучи говори и фактот што на демо снимката се слуша и лаеж на куче бидејќи најверојатно му бил отворен прозорецот за време на изведувањето. Еве ги стиховите:

Sve je ovo premalo za kraj

Tu na tvome dvoru nisam više kralj
Da se pozdravim s tobom, to ne mogu, znaj
Sve je ovo premalo za kraj.
Sve je ovo premalo za kraj.
Samo nikome o tome ne pričam
Još ti svaki greh pretvorim u sjaj
Sve je ovo premalo za kraj.
REFREN
Neću više da te volim, ne
Kažem, ali znam da kasno je
Ostavljen i sam u svom očaju
Ja još živim kao da si tu…

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1