Груевски веќе нема да биде почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Позицијата почесен претседател во ВМРО-ДПМНЕ ќе биде укината, најави претседателот Христијан Мицкоски во интервју на ТВ 24.

-Тоа е статут којшто е направен согласно реформите и динамиката во рамките на партијата. Тоа е статут направен како резултат на целосна и темелна анализа на нашите сестрински партии, вели Мицкоски негирајќи ја констатацијата дека поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта се уште ја командува партијата.

„Не, не е точна констатацијата. Би сакал повеќе да зборувам за реални теми, сиромаштијата, иселувањето, рекетирањето, криминалот, уцената на политичарите. Ако веќе зборуваме за Никола Груевски повеќе детали околу тоа може да ви даде господинот Зоран Заев“ – рече Мицкоски

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1