МИЦКОСКИ: Три години криминал на СДСМ, иселување, „Рекет“, а вие Груевски, па Груевски!


„Три години власт на СДСМ, ние сега за тоа да зборуваме. Сега не зборуваме за иселувањето, ајде тоа после, не зборуваме за Рекет, ајде тоа после, не зборуваме за лошата состојба во државата, ајде и затоа после, ама да се оградиме за нешто, а веќе три години Владата во Република Македонија е СДСМ.

Еве да се оградиме за сето лошо што било направено од политичарите во Република Македонија од 1991 година до 2019 година, му порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарот Младен Чадиковски, одговарајќи на неговото прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ не се оградила за политиките од минатото.

Во вечерашното гостување во 24 Отворено, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави и дека е согласен криминалот да се расчисти во сите сфери. Мицкоски рече дека и имотот на партијата е замрзнат на незаконски и нелегитимен начин од правосудните органи.

„Ние практично функционираме како гости во нашиот имот, но тоа не ни е проблем. Имаме 100 000 гласа предност пред СДСМ и да напредуваме во име на сето тоа. Поради едно обвинение кое што е покренато после законскиот рок и прифатено од страна на судијата во постапка и како резултат на тоа, имотот е замрзнат.“ – рече Мицкоски.

На прашањето доколку не беше замрзнат имотот дали ќе ја продадат зградата, Мицкоски одговори:

„Дали ќе ја продаваме или не, тоа е ирелевантно. Можеби и ќе ја продадеме и сретствата кои ќе ги земеме ќе ги дадеме во добротворни цели. Постојат многу опции, може и да го изнајмиме. Ние имаме не поголем имот од тој што го има уште една партија. Тој имот не е наследен од еден претходен систем, туку е резултат на работа на граѓаните, на донации, на симпатизерите и тоа е поголема разлика“ – рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека бил кај Јанева за ова и има разговарано, а таа била многу јасна и прецизна во своето барање, дури и имало трето лице во просторијата.

И тогаш знаевме и имавме индиции на она што потоа следеше, а тоа беше случајот „Рекет“, онаа мега корупциска афера, истакна Мицкоски.

Тој најави и дека позицијата почесен претседател во ВМРО-ДПМНЕ ќе биде укината. Тоа ќе се направи со донесувањето на новиот партиски Статут, но сепак вели дека тоа не е оградување од Груевски.

-Тоа е статут којшто е направен согласно реформите и динамиката во рамките на партијата. Тоа е статут направен како резултат на целосна и темелна анализа на нашите сестрински партии, вели Мицкоски.

Што се однесува до новиот закон за ЈО, Мицкоски истакна Зоран Заев сака јавно обвинителство кое ќе има за цел да се пресмета со опозицијата и со политички неистомисленици а не обвинителство кое ќе гони висока корупција и ќе донеси правда во Република Македонија.

„Токму тоа е и целта на ВМРО-ДПМНЕ и преговарачкиот тим да се обединиме во правото правдината и владеењето на правото, а тоа подразбира безусловно почитување на Уставот и на законите во Република Македонија, нешто што не е цел на преговорачкиот тим на СДСМ, бидејќи нивната цел е да се злоупотреби власта, да се злоупотребат законите и Уставот и да се врши пресметка и притисок врз политичките неистомисленици“, вели Мицкоски.

Во првичната верзија која што СДСМ ја достави до Собранието беше предвидено интегрирање на СЈО во рамките на државното ЈО и таму беше предвидено тогашниот специјален јавен обвинител г-ѓа. Катица Јанева сега притвореничката Јанева да биде унапредена во Републички јавен обвинител, т.е. да биде заменик на обвинителот Јовевски, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека уште тогаш ВМРО-ДПМНЕ велеше дека тоа не е можно бидејќи не само што се попречуваат сите граѓани на Република Македонија рамноправно да конкурираат, туку и нема логика Катица Јанева да биде унапредена во Републички јавен обвинител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1