ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ваков попис каков што предлага власта


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски истакна дека пописот кој СДСМ го предлага е да се направи во таква форма каква што е предложена, ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати бидејќи во него има многу нелогичности кои не се совпаѓаат со ставовите и барањата на ВМРО-ДПМНЕ и истиот би било неопходно да биде одложен.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме околу 28 интервенции околу изработката на моделот за пописот кои се доставени до тимот кој што преговара од страна на СДСМ во врска со пописот. Од доставените 28 интервенции, прифатени се три или пет кои се помалку суштински, а повеќето суштински барања или интервенции беа одбиени, додаде Мицкоски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1