Лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА денеска во 14 часот и 30 минути ќе одржат лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје.
На средбата, најавено е присуство на амбасадорот на САД Џес Бејли и на шефот на мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. Како што информираат од Амбасадата на САД и од Мисијата на ЕУ, Бејли и Орав ќе присуствуваат на средбата како набљудувачи.
Средбата е на заедничка иницијатива на четирите најголеми парламентарни партии и со поддршка на меѓународната заедница, со цел да почне дијалог за решавање на политичката криза.