Бугарска војска на граница со Македонија – ако има бегалци сите со бугарски пасош ќе ги примеле


Бугарската војска е распоредена на границата со Македонија и има подготвеност да се сретне евентуален миграциски бран, ако ситуацијата во западниот сосед се влоши-пишува бугарски Сега. Освен тоа командосите од специјализирана единица за борба против тероризмот кон МВР прават заеднички вежби со македонските колеги по апсењето на терористи во шумските области .

Армијата е на границата и подготвуваат точки за случај, ако не дај Боже, нештата тргнат на лошо во Македонија, а во случај на ескалација, тие 90.000 иматели на бугарски пасоши ќе може да дојдат во Бугарија, порачал бугарскиот премиер Бојко Борисов на вчерашната блиц-средба во бугарското Народно собрание, која беше по барање на Патриотскиот фронт, јавуваат бугарските медиуми.

bugarija vojska

“Војската на границата ги подготват своите точки, не дај Боже, ако работите одат на лошо во Македонија”, најави премиерот. Под тревога се и граничните премини, ако треба да се соочат со Македонците со бугарски пасоши, кои се околу 90 илјади. Борисов објасни дека за нив нема да има проблем ако решат да дојдат во Бугарија, и најави дека Бугарија треба да има подготвеност и за евентуална хуманитарна криза.

-Борисов вели и дека ќе се подготвуваат и пунктови за луѓето од Македонија со бугарски пасоши, кои се околу 90.000.

– Тие што се со бугарски пасоши, околу 90.000 бугарски државјани, ќе може да се приберат во Бугарија, но во случај на хуманитарна криза, треба да бидеме подготвени.

Во исто време, началникот на одбраната, вицеадмирал Румен Николов, вели дека за неколку дена бугарските служби ќе може да дадат одговор на прашањето дали случувањата во Македонија се случиле спонтано или се по нечие сценарио.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1