Грујевски и Бошкоски побарале азил во Грција


Горан Грујевски и Никола Бошкоски во средата побарале азил во Грција, потврдија адвокатите кои ги застапуваат во Солун и Атина, пренесува„Макфакс“.

И двајцата останувааат во екстрадициски притвор. Судот за прекршоци во Солун го одложи денешното судење за двајцата бегалци од правдата, бидејќи не беше присутен еден од останатите од групата кои биле заедно со нив, а немале регулиран престој во Грција.

Ексразузнавачите во тренерки и капути со лисици на рацете беа донесени во придружба на полиција, во комбе со мигранти. На денешното судење имаше овластен судски преведувач, кој ги преведуваше прашањата на судијката, а беа присутен грчки адвокат и адвокатот Петар Василев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1