Групна тепачка на улица „Македонија“


Вчеравечер во 20 часот во полициската станица во Центар, Т.У. (24) од Урошевац, Косово, пријавил дека истиот ден околу 17 часот на ул. „Македонија“, додека се движел заедно со неговите пријатели Р.У., Ф.У., А.М. и Р.У., физички биле нападнати од поголема група на млади лица по што истите побегнале во непознат правец.tepackamatno

Пријавителот, поради нанесените повреди, се упатил во болница во Скопје каде му била укажана лекарска помош.

Во врска со настанот во 17.00 часот во ПС Центар биле приведени лицата С.Н. (19), А.З. (19), Н.М.(19) и двајца малолетници на 15 и 16-годишна возраст, сите од Скопје. По извршениот разговор, во 19.30 часот малолетниците се ослободени, додека останатите лица се задржани за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1