“Гугл“ ќе му плати 60.000 евра на оној кој ќе успее да го хакне “Хром”


На 2 октомври во Куала Лумпур, хакери од целиот свет ќе се соберат за да учествуваат во натпреварот “Pwnium 2”, кој го организира американскиот веб гигант “Гугл”, објавија француски медиуми.

“Гугл” ќе ја презентира најновата верзија на пребарувачот “Хром” и ги повика сите оние кои се чувствуваат способни да го пробијат и да ја превземат контролата на уредот, да се обидат тоа и да го направат.
Со цел ја исполнат зададената задача,  хакерите ќе мораат да го користат компјутерот “Acer Aspire-V5 571-6869.”
Наградите за најдобрите ќе се движат од 40.000 до 60.000 евра .

Истовремено, Ким Дотком, основачот на веб страната “Megaupload”, обвинет за масовна пиратерија, уште еднаш победи на суд. Тој беше уапсен во јануари годинава, во Нов Зеланд, а од страна на американските власти е обвинет и за кршење на авторски права. Тие  бараат негова екстрадиција.
Со цел да ја подготви својата одбрана, судијата, на Ким му дозволи пристап до документацијата на оние што го тужеа.

Tags: , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1