4 милиони нокшири за бебиња повлечени од продажба – 21 дете завршило со повреди на главата


Бебињата најмногу се повредуваат кога нивните родители ги ставаат нокширите на нерамна површина, но не е реткост децата да се повредат и кога се обидуваат да станат од нокширот оставен на рамен под.


Поради ова, во САД, околу 4 милиони Bambo бебе нокшири, се повлечени од продажба.
Од 2007 година, токму поради овие производи  биле пријавени најмалку 50 инциденти во кои децата паднале со носот на подот бидејќи нокширчето не било поставено на рамна површина.

Во 34 други случаи, бебето паднало, иако производот бил  ставен на рамен под.


Поради овие нокшири, вкупно 21 дете завршило со скршеници на скалпот.
Од компанијата велат дека апелирале до потрошувачите, да не се користат нокширите без заштитните појаси кои се достапни во нивните продавници.
-Безбедносниот ремен ќе спречи децата да паднат од нокширот, кога тој би се користел како што треба, на рамен под и со надзор од страна на возрасно лице, се вели во соопштението на компанијата.

Share Button

Tags: , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1