Со пукање од калашников до пари за политичка кампања


Додека во Македонија никој не знае од каде доаѓаат приходите за политичките кампањи, во Америка партиите јавно ги споделуваат идеите за обезбедување на паричните средства.

Конзервативното движење чајанка, дошло до идеја како да собере пари за кампањата на републиканскиот кандидат во Северна Каролина. Тие им понудиле на заинтересираните да пукаат со калашников, пушкомитралез М-16 или друго оружје за цена од 35 долари.
Претставникот на ова движење во американската држава Jane Balaam, изјави дека пукањето со  автоматско оружје е многу  забавно и дека луѓето сакаат да пукаат.
На забелешката дека  не е соодветно да се дозволува пукање со  оружје, особено по неодамнешниот масакрот во Колорадо, каде загинаа 12 лица, од движењето одговорија дека подобро би било доколку  некој од публиката бил вооружен, и на тој начин истиот би го спречил напаѓачот Џејмс Холмс пред  тој да убие толку многу луѓе.
Основачите на оваа земја сакаа секој граѓанин да може да се заштити себе си, рече претставникот од ова политичко движење.
Според идејата, сите заинтересирани кои ќе платат 25 долари ќе можат на стрелиштето да испукаат еден шаржер од пиштол, а оние, пак, кои ќе сакаат да пукаат со калашникот или М-16 ќе треба да платат 10 долари повеќе.
Во оваа област во Северна Каролина се наоѓа и  градот Ешвил, од каде потекнува оваа идеја. А  наскоро во овој град ќе се одржат конгресни избори, во кои републиканците се надеваат дека ќе остварат победа.
По масакрот во Колорадо, во САД не се промени политиката во однос на носењето огнено оружје, бидејќи ниту претседателот Барак Обама, ниту неговиот ривал републиканецот Мит Ромни не ги поддржаа промените за законите за поседување на оружје.

Tags: , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1