За оваа колумна и податоците изнесени во неа искрено и длабоко треба да му се заблагодарам на Гугл.
Сте чуле за Google search history? Мики, батките од Гугл сосема посветено (со “мала” доза на орвелизам), професионално и вредно ги собираат и чуваат сите наши пребарувања преку Гугл с`рч.
За кого и зошто, (ве поздрави Сноуден) подобро и да не знаеме.
Вака почнува шегобијната колумна објавена на блогот avganturamk.
Еве што вели колумната – што некои наши познати јавни личности пребаруваат на Google search 🙂
Андреј Жерновски
– онлајн забрзан курс по архитектура “Си правел ли некогаш кули од песок? Значи и ти можеш да бидеш архитект”
– инат, можности и практична примена
-Фото, шарени згради и балкони, Тирана, Мумбаи
-“Top 10 tips & tricks how to stop the baroque”
Коце Трајановски
– www.justask.net – Имам уште 943 дена мандат. Уште колку точно барок фасади можам да направам?
– онлајн тренинг – “Како да направиш Ајфелова кула и Статуа на слободата во својот град”
– река Вардар, капацитет и пловност, уште колку мостови и какви бродови може да се изградат
Билјана Ванковска
– Сам свој тренер, прва лекција – ”Его и суета, или како да ги зголемам и надградам за да станам подобар професор”
– www.justask.net – “Денес имав 7 нови лајка на ФБ, дали да се кандидирам за Претседател?”
–“Top 10 Facebook tricks how to ban and block people
Александар Маленко
-Традиционални имиња на машки деца
-алиментација, нов закон – процедура и утврдување на сумата
-“Marriage and how to stop doing it” for dummies
Секоја сличност со вистината и личностите изнесени овде не е моја вина и немојте мене да ме обвинувате за вашите мали онлајн тајни.
Ехеее…само да знае некој јас што се пребатувам. Чекај…па Гугл знае се. Дилит…дилит…shift+delete…shift+delete…
Целата колумна со уште повеќе пребарувања на наши јавни личности прочитајте ја на следниот ЛИНК