Ѓуриќ: Ме влечеа како куче за да ме понижат, се закануваа со калашников и викаа „Алах акбар“


Се обидоа да ме понижат. Освен удари, набивање на главата на колениците и правење на селфија, се обидоа да ме заплашат, набивајќи ми калашников во стомакот. Еден од нив извлече и нож. На патот кон Приштина викаа „Алах акбар, ракажа директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија.
„Тоа за мене не се полицајци, туку е разулавена терористичка банда“, рече шефот на српската канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Тој прв пат се обрати до јавноста по апсењето, изјави дека е горд на српскиот народ кој се бранеше за време на настанот.

Ѓуриќ изјави дека вчера албанските сепаратисти, како што ги нарече, се обиделе на брутален начин, со насилство и терор да го заземат северот на Косово.

Тој додаде дека припадниците на полицијата го влечеле како куче, го тегнеле за вратоврската по улица. Сето тоа го правеле, како што вели, обидувајќи се да го понижат.

-Се обидоа да ме понижат. Освен удари, набивање на главата на колениците и правење на селфија, се обидоа да ме заплашат, набивајќи ми калашников во стомакот. Еден од нив извлече и нож. На патот кон Приштина викаа „Алах акбар, ракажа директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија.

Според неговите зборови кога го извадиле од транспортерот и го воделе низ улиците во Приштина, целта била да го стават во некој подрум.

-Да не беше еден повик од Белград, насилството во Митровица и теророт над Србите ќе продолжеше. Фала богу, заврши, рече Ѓуриќ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1